|
Во лингвистиката, падеж е парадигма на флексивни именки. Во многу европски јазици, променливите форми означуваат граматичка улога. Кај флексичните јазици, именките се деклинираат во рзлични форми или морфолошки падежи, кои ја назначуваат улогата на именката во реченицата. Морфолошките падежи се еден начин на назналување на граматички падеж; другите начини се наведени подолу. Морфолошките падежи обично се назначуваат со наставки, но во прилог на тоа, или наместо тоа, може да има и морфолошки модификации на именичната основа (видете неконцентративна морфологија, аблаут и умлаут). Падежи постојат во многу Индоевропски јазици како латински, германски и Санскрит; кај дравидијските јазици како тамилски; во речиси сите уралски јазици како фински и унгарски; во Свахили и многу други. Првобитно и македонскиот јазик имал сложен падежен систем кој бил наследен, преку старословенскиот, од прасловенскиот јазик; меѓутоа со тек на време овој систем бил напуштен. Староанглискиот имал опширен падежен систем. Во современата англиска граматика, истата информација се пренесува преку зборовниот ред и предлозите, иако постојат некои остатоци од стариот систем (како „he“ наместо „him“; видете Англиски деклинации). Подолу стои пример за латинска деклинација, со зборот homo (човек).
За позаинтересираните: Јазиците се категоризираат во неколку падежни системи, врз основа на тоа како ги групираат глаголските причинители и пациенти во падежи:
Следниве се системи кои некои јазици ги користат за означување на падеж наместо или како додаток на деклинација:
Некои јазици имаат повеќе од 20 падежи. На пример јазик кој користи голем број на падежи е финскиот. Видете Фински падежи. Лемските форми на зборови, кои се форми одбрани по договор како канонски форми на зборот, обично се најнеодбележаните или најосновни падежи, which is typically the nominative, trigger, or absolutive case, whichever a language may have. Видете исто такаНадворешни врски
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.